Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп во првиот говор пред ОН: Ако треба ќе ја уништиме Северна Кореја

3
By Нова ТВ on September 19, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во својот прв говор пред Генералното Собрание на Обединетите Нации, претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика државите во светот заедно да се спротистават на заканата од како што рече тој, „режимот на Ким Јонг Ун“ кој е закана за стабилноста на светот генерално.

Воедно, Трамп упати критики и повика на одговорност и за владите на Иран, Венецуела и Сирија.

„Мораме да ги заштитиме нашите граѓани и да ги отфрлиме сите закани кои доаѓаат од надвор, а за тоа треба да работиме заедно против режимитекои ни се закануваат со тероризам. На пример режимите кои не ги почитуваат своите граѓани. Северна Кореја е закана за цел свет со својата нуклеарна програма. Целосно ќе ја уништиме Северна Кореја ако тоа биде неопходно, бидејќи за ниту една земја во светот не е прифатливо режимот таму да се наоружува со нуклеарни бомби. Време е Северна Кореја да прифати дека само денуклеаризација е правилниот начин за нејзината иднина. И им благодарам на Кина и Русија што гласаа во Советот за безбедност за санкции кон Ким“, рече Трамп.

Договорот со Иран за нуклеарната програма на државата, Трамп го нарече најголемиот срам за Америка, притоа дополнувајќи дека светот треба да бара одговорност и од тамошната влада за денуклеаризација.

„Треба целиот свет да ни се придружи и да бараме денуклеаризација од владата на Иран која пак поддржува и терористи и не ги почиртва своите граѓани како и соседните земји. Ќе дојде ден кога луѓето таму ќе треба да изберат дали сакаат да продолжат во режим или ќе се вратат на своите корени на среќа и просперитет“, потенцираше Трамп.

За Сирија рече дека тој се залага за политичко решение во политиката, но и одговорност за дејствувањето на режимскиот лидер на државата, Башар Ал Асад, за кој рече дека го шокирал секој еден совесен човек кога употребил хемиско оружје врз својот народ, вклучувајќи и деца.

Американскиот претседател се пофали дека изминативе осум месеци додека управува од Овалната соба во Белата куќа, Америка имала огромен успех против терористите на Исламската држава, од било кога претходно.

Трамп не ја испушти приликата да напомене дека САД е најголем финансиски поддржувач на земјите кои прифатија бегалци, со цел тие да останат што поблиску до матичните земји, а посебна благодарност упати кон Јордан, Турција и Либан.

Упати остра критика и кон владата на Николас Мадуро во Венецуела, нарекувајќи го корумпиран режим кој ја клекнал својата земја и граѓаните на колена.

„Подготвени сме да преземеме поголеми акции ако режимот продолжи да го загрозува својот народ“, рече Трамп.

Претседателот на САД го поздрави и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш што покажал разум дека ОН има потреба од реформи ако сака да биде добар партнер во борбата против тероризмот, бидејќи претходно светската организација се занимавала со теми кои не донеле никакви промени и била фокусирана на бирократија.

Во почетокот на својот подолг говор, Трамп не испушти и да се пофали за своите постапки според кои го подобрил животот на Американците и објасни што значи неговото „Америка пред се“.

„Невработеноста во САД е на рекордно најниско ниво. 700 милијарди ќе потрошиме на војската и таа наскоро ќе биде најсилната во светот од било кога. Ние не очекуваме сите луѓе да живеат по нашите вредности, но очекуваме од сите земји да ги бранат интересите на своите граѓани и да ги почитуваат сите други држави. Јас не бев избран за да ја земам власта, туку власта да им ја дадам на граѓаните. Секогаш како претседател на Америка ќе ја ставам Америка пред се и вие лидерите на вашите земји треба секогаш да го правите тоа, бидејќи имате обврска да и служите на вашата земја“, рече Трамп.

Кон светот се обврза дека Америка ќе биде голем пријател, а најголем особено кон своите сојузници, но дека никогаш повеќе нема да дозволи да се користат нејзините ресурси без потреба.

Својот говор го заврши со повик за мир и за будење на државите во светот, за заедно да се спротистават на заканите.

„Бараме будење на сите земји. Историјата бара од нас одговор за да ги поразиме заканите на човештвото. Ќе стоиме заедно и ќе се бориме и ќе се жртвуваме за мир, за правда и за почитување на правата на сите“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп во својот прв говор пред Генералното Собрание на ОН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.