Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Делото на Конески е аманет, учениците и научниците да го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик

0
By Ivana on December 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука со низа активности одбележа едно столетие од раѓањето на една од најважните личности за македонскиот јазик, нашиот голем книжевник, деец, поет и академик Блаже Конески. Сите овие активности се во насока на зголемување на афирмацијата на неговото име и дела, но и поттикнување на нашите и светските лингвисти, студенти, научници да дадат свој придонес во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, кој како и сите други јазици е жива материја во која треба да се вложува, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето на завршната манифестација „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, со која беше заокружено чествувањето на великанот.

Царовска нагласи дека Конески, со нему својствена упорност и борба, успеал јазикот на едно мало парче земја, на еден мал народ, да го вклучи во семејството на светски признаени јазици и нам да ни го остави како аманет. И покрај убедувањата на неговите колеги лингвисти да се посвети на проучување на светските јазици, тој продолжил да се занимава со унапредување на мајчиниот, македонскиот јазик и неговата кодификација.

-Делото на Конески нема смисла, ако ние не ја продолжиме неговата мисија. Ако не го сочуваме неговиот труд и дела од заборав. Бидејќи јазикот, уметноста и културата ја даваат смислата на нашите животи и постоење. Тие се конецот, којшто ги испреплетува минатото, сегашноста и иднината на еден народ, посочи Царовска.

Во оваа смисла, со цел да се зголеми интересот на студентите за академско изучување на Македонскиот јазик и книжевност, првпат се воведени стипендии. Зашто, како што укажа Царовска, кога дошла за министерка, пред година и половина, немало студентите кои сакаат да се запишат на македонистика, а токму оваа студиска група треба да биде расадник на нови генерации учители кои ќе им го пренесуваат на учениците стандардниот, македонски литературен јазик.

Министерството за образование и наука оваа година организираше и Конкурс за творби инспирирани од животот и делото на Конески, а 27 ученици, во различни категории, беа избрани како најдобри.

Во рамки на темелната реформа на националниот образовен систем, опфатено е и изучувањето на македонскиот јазик. Со новите наставни материјали за македонски јазик во 4. одделение, на многу поедноставен и посликовит начин се приближува јазикот до најмладите, а таквиот пристап ќе продолжи да се применува и во погорните одделенија, за кои исто така се подготвуваат нови наставни материјали.

-Потребно е да вложиме максимална енергија и да го продолжиме тоа што го почна Блаже Конески. Не смееме да го изневериме. Тоа би било најголемо предавство за сите нас. Затоа е потребна, пред се, лична одговорност, но и институционален пристап за да ја исполниме обврската што ја имаме за унапредување и негувањето на нашиот македонски јазик“, рече Царовска во обраќањето, што го заврши токму со песната „Обврска“ на Конески

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
ФОКУС

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

ВЕСТИ December 12, 2025

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

December 12, 2025

Јануари по комотен за возачите – „Сејф сити“ од 1-ви февруари

December 12, 2025

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

December 11, 2025
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.