НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Предностите од дигитализацијата се големи, ризици нема

0
By НОВА ТВ Balaban on May 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дигиталните учебници или воопшто дигиталната ИТ технологија нема постојано да се користи во наставата, туку само тогаш кога одредена тема тоа ќе го наложи. Така што, погрешна е перцепцијата дека се дигитализира наставата и  децата во училница ќе учат од компјутер, а потоа и дома ќе мора да го читаат учебникот, повторно на дигитален уред, вели во интервјуто за НоваТВ министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Од една од „најжешките“ министерски фотелји во Владата, Царовска објаснува кои ученици ќе учат од печатени учебници, а во кои одделенија прва опција ќе бидат дигиталните и напоменува дека постои можност и за печатен учебник доколку на ученикот тоа најмногу му одговара. Министерката ветува поинтересна настава со предвидените промени, првенствено со Концепцијата за основното образование, со којашто наставата треба да стане и повеќе интерактивна, а убедена е дека доколку се случи референдум за едно вакво прашање, иако според неа, не треба да се случи, дека ќе биде неуспешен. Во Естонија, вели Царовска, учењето се одвива на паметни табли, со ИТ уреди и користење на дигитални ресурси, а поголем дел од учениците постигнале највисоки нивоа на владеење (Ниво 5 или 6), барем во еден предмет.

Што ќе биде поинаку во дневната актуелна динамика на децата во училиштата со предвидената дигитализација ?

Прво, би сакала уште еднаш да разјасниме нешто што во неколку наврати го посочивме, но добро е да се повтори во интерес на граѓаните кои сé уште имаат дилеми околу тоа што значи процесот за кој мнозинството дава поддршка, но има и такви кои се одлучуваат за протест и барање за референдум за промените да не се случат.

МОН во моментов има план и работи на дигитализација на учебниците и воопшто на материјалите за учење, а не на дигитализација на наставата. Тоа се две различни работи. Наставата останува да се реализира како и досега, се разбира доколку условите дозволат – во училница каде најважно средство за совладување на наставната материја е интеракцијата ученик – наставник.

Со целиот концепт на промени кој го предвидуваме, првенствено со Концепцијата за основното образование, наставата станува повеќе интерактивна, благодарение на новите наставни програми и покреативна. Со опремувањето пак на кабинетите по природни науки, станува поинтересна за учениците, затоа што ќе имаат можност одблизу да видат и да доживеат одредени процеси, експерименти и слично.

Дигиталните учебници или воопшто дигиталната ИТ технологија нема постојано да се користи во наставата, туку само тогаш кога одредена тема ќе го наложи тоа. Така што, погрешна е перцепцијата дека се дигитализира наставата и децата во училница ќе учат од компјутер, а потоа и дома ќе мора да го читаат учебникот, повторно на дигитален уред.

Дигитализацијата подразбира извесен социјален стандард . Како во тој дигитализиран образовен процес ќе се вклучат децата од загрозените социјални категории ?

Законот за учебници кој го предлагаме и е во Собраниска процедура е првиот недискриминирачки закон за учебници кој очекуваме да го усвои нашата држава. Зошто? Затоа што овозможува пристап до учебници на сите  ученици и тоа во формат кој ним најмногу им одговара, а во интерес на постигнување најдобри резултати при воспитно – образовниот процес. Од прво до трето одделение ќе има печатени учебници, од четврто одделение па нагоре прва опција ќе бидат дигиталните, а се обезбедуваат и учебници во аудио формат и напишани на Брајово писмо. Секако, постои можност и за печатен учебник доколку на ученикот тоа најмногу му одговара, односно има некаква пречка да користи дигитален учебник.

Во законот има одредба која вели дека за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Така што, повторно потенцирам ова е првиот недискриминирачки и целосно инклузивен закон за учебници.

Животниот стандард во Македонија е низок. Како ќе се снајдат семејства кои имаат по две или три деца кои одат на училиште за да им ја обезбедат неопходната опрема?

Како поддршка на училиштата за промените да го постигнат очекуваниот ефект, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на таблет уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници. Ова е дел од проект за унапредување на основното образование за кој добивме финансии од 21,5 милиони евра од Светска банка, која инаку не би ги одобрила доколку не би била сигурна во вредноста и остварувањето на целите кои ги поставуваме.

Промените се спроведуваат етапно и плански. Од следната учебна година дигитални учебници ќе имаат само учениците од четврто одделение, што значи една генерација од 20.000 ученици во која најголемиот дел, не е коректно да кажеме сите, но над 90% веќе поседуваат сопствен или пак имаат уред во домот во кој живеат. Така што, релативно е мала бројката на деца на кои во секоја од следните 5-6 години ќе треба да им се обезбедат ИТ уреди и да им се понуди техничко одржување и поддршка. Во секој случај, должни сме тоа да го направиме и секако дека е предвидено во планот за реформа и обезбедување на квалитетно образование за секој поединец.

Во Македонија се уште има рурални области во кои пристапот до интернет е луксуз . Како ќе функционираат децата во тие региони ?

Според податокот со кој располагаме, обезбеден од телекомуникациските оператори во државата, во нашата земја има 98% мрежна покриеност на целата територија. Што значи интернетот е достапен секаде, но друго е прашањето колку тој е достапен за користење од страна на поединци, имајќи предвид дека чини средства што некој не може да си ги дозволи. Но, настрана од тоа, би сакала уште еднаш да потенцирам дека за користење на дигитален учебник, не е потребен интернет. Дигиталниот учебник се симнува еднаш, се поставува на уредот и останува таму додека не биде отстранет по волја на корисникот.

Секако дека некогаш ќе има потреба и од интернет, заради гледање на одредени мултимедијални содржини поврзани со наставната материја. Но јас верувам дека доколку таа опција не е достапна во домот на ученикот, ќе биде достапна во самото училиште. Секоја општина има обврска да обезбеди интернет во училиштата на нејзина територија и јас не верувам дека некој градоначалник нема да го реализира тоа.


Кои се според вас потенцијалните ризици од процесот на дигитализација?

Дигитализацијата на учебниците е само еден сегмент од дигитализацијата на образовниот процес и само една од низата промени кои следуваат. И затоа не е коректно да ја гледаме или да ги оценуваме ефектите од истата како индивидуална мерка или процес, без да ја поврземе со сите други промени – усвоени нови наставни програми, нови материјали за учење и поголем избор по секој предмет, целосно нов концепт на реализација на наставата, опремување на училиштата, мерки за мотивација на наставниците и слично.

Генерално, според мене предностите од дигитализацијата на образованието се многу поголеми во однос на потенцијалните ризици. Каков ризик е настанат во Естонија, или во Финска, или Британија, ајде да речеме и поблиску тука – Хрватска и Словенија кои започнале процес на дигитализација на учебниците или воопшто на образованието? Па, нивните деца напредуваат според резултатите кои ги постигнуваат на меѓународни тестирања, некои од нив се меѓу првите.

Ајде да ја земеме за пример Естонија. Во училиштата во Естонија употребата на хартија е сведена на минимум. Учењето се одвива на паметни табли, со ИТ уреди и користење на дигитални ресурси. А постигањата на естонските ученици  на ПИСА тестирањето во 2018 година се највисоки во Европа: првото место во Читање (523 поени) и Наука (530 поени) и третото место по математика (523 поени) меѓу земјите на ОЕЦД. Во споредба со просекот на ОЕЦД, поголем дел од учениците во Естонија постигнале највисоки нивоа на владеење (Ниво 5 или 6) барем во еден предмет. Сега, да се запрашаме дали дигитализацијата е погрешен чекор на естонските власти?

Некој ќе рече „Не можеме да се споредуваме со Естонија“. Тоа е точно, затоа што сме земја во развој. Но како ќе станеме развиена земја или ќе влеземе во тоа друштво, ако не ги следиме позитивните примери и стандарди кои ги наметнуваат токму развиените?

Мораме да дадеме шанса на промените да се случат. Тие се одговор на сето тоа што ги притиснувало и стегало наставниците со години, одговор на барањата на многу генерации на ученици. За промените имаме поддршка и всушност се креирани по насока на меѓународните партнери како ОЕЦД и УНИЦЕФ и тоа е доволна гаранција дека сме на добар пат да создадеме квалитетен образовен систем.

Што добиваат децата со оваа промена?

Дигитализацијата на учебниците како што посочив е еден од чекорите за вовед во модерно образование. Таа е можност да имате пристап до материјалот кој се изучува на училиште во секој момент. Во секој момент да се потсетите на тоа што сте го учеле, да пребарате одреден податок и слично. Така што, мораме сите да гледаме на дигитализацијата како можност чии придобивки, децата од развиените земји одамна веќе ги искусуваат. Тоа е процес на приспособување на образовниот систем и образовните услуги кои им се нудат на младите со модерниот начин на кој тие комуницираат. А комуницираат преку дигитална технологија, истражуваат на интернет, читаат книги на интернет, отвораат Википедија, следат едукативни канали и портали. Не работат на машини за куцање, не отвораат енциклопедии во хартиена форма…Едноставно старите учебници не се интересни за новите генерации и не ги мотивираат.

Како ги оценувате иницијативите за референдум и организација на протести ?

Протестите се опција на изразување револт која е легитимна, затоа што правниот систем ја дозволува и тоа право никој не смее да го спори. Но, може да се спори причината поради која се користи тоа право, а која наведува дека сепак во ситуацијава постои некаква политичка позадина.

Иако не сакам да верувам во тоа и сакам на сите кои протестираат да гледам како на родители кои се загрижени за иднината на своите деца, сепак, апсурдно е да не сакате да се усвои закон и да се воведе практика која ќе значи унапредување на квалитетот на националниот образовен систем.

Јас сум убедена дека доколку се случи референдум за едно вакво прашање, иако според мене не треба да се случи, дека ќе биде неуспешен. Наместо во деструкција, повеќе верувам во вредностите на конструктивноста и затоа апелирам често до оние кои ги поттикнуваат децата да ја бојкотираат наставата поради реформите во образованието, наместо да го прават тоа, да дадат некој добар предлог за унапредување на планот за промени. Но, за жал досега не видов или слушнав такво нешто.

Дигитализација Мила Царовска министерка за образование и наука учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.