Потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку фејсбук статус информира дека се повлекува од функцијата, но и дека со оставката на претседателот на партијата Зоран Заев престанува и мандатот на целото раководство.

„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, пишува Царовска.