Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот се вложат максимално 

0
By Нова ТВ on September 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку  се училиштата подготвени за организирање настава со физичко присуство од прво до трето одделение и за спроведување на насоките на МОН и дали се набавени сите потребни материјали прецизирани во протоколите за безбедност. За условите со кои располагаат е разговарано на денешната средба меѓу директори на основни училита со министерката за образование и наука Мила Царовска, откако Владата вчера на седница го усвои Планот на МОН за почеток на учебната 2020/2021 година.

– Директорите и градоначалниците се главната алка кои треба да го обезбедат она што ние како Влада и Министерство го носиме. Затоа и ги повикавме на средба, за овој процес на подготовка го сфатат сериозно и понатаму ги спроведуваат насоките кои ги даваме.

Дел од нив се подготвени за физичко присуство – помали училишта кои ќе може да ги опфатат сите одделенија или ќе побараат дозвола од комисијата на Владата, дел од нив се поголеми кои се подготвуваат за онлајн-настава.

Платформата е во подготовка и наскоро ќе им биде презентирана на наставниците кои потоа ќе треба да ги вклучат и учениците, изјави министерката Царовска сигурна, како што рече, дека и покрај епидемијата учебната година ќе биде успешна ако сите страни во процесот вложат максимални напори.

Додаде дека наставата е динамичен процес и од епидемиолошката состојба и насоките на Комисијата за заразни болести ќе зависи како ќе се постапува во текот на училишната година – дали ќе се продолжи според усвоениот план или, можеби, ќе треба некои работи да се менуваат.

Минатата недела Владата ги усвои протоколите за физичко присуство на учениците во основно и во средно образивание кои се доставени до сите училишта. Допоlнително, вчера беше донесен и Планот како ќе се спроведува учебната година еден месец пред нејзиниот почеток на 1 октомври.

Според Царовска, целта била да се понуди колку што е можно покомбиниран модел кој ќе ги опфати сите и има две опции – физичко присуство на децата или онлајн-настава ако родителот не сака детето да биде во училница со други деца.  Ако немаат интернет-пристап или ИТ-уреди, а се работи, рече Царовска, за околу 10 отсто од сите ученици, матреријалите ќе бидат отпечатени и наставникот ќе им ги доставува на родителите. Посочи дека се прават анализи за да почне набавка и во второто полугодие да се обезбедат ИТ-уреди за тие деца.

Поради одложениот старт, Бирото за развој на образование работи на кратење на наставните програми за бројот на денови кои би го надминале 10 јуни за да може учебната година да заврши на тој датум.

-Имаме 159 дена кои ќе треба да се адаптираат. Бирото ги работи и ќе ми ги достави. Програмата се поедноставува затоа што часот ќе биде 30 минути. Сите овие програми сосе упатствата до петок ќе им бидат доставени на училиштата. Овојпат се подготвува и посебно упатство за оценување што е исклучително важно, зашто онлајн-наставата треба да даде максимален квалитет колку што е можно со овој начин на настава.

Минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако доколку дозволува епидемилошката состојба и тоа ќе го организираат училиштата со насоки од Бирото. Целта е ,да бидеме сигурни дека знаењето што го стекнале, на правилен начин сме го валидирале и ставиле во свидетелство, истакна министерката за образование и наука.

Дел од директорите на состанокот веќе прават подготовки според здравствените протокли и реорганизација на наставата согласно со капацитетите на нивните училишни објекти,  што е нивна и надлежност на општините.

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, Перо Арсеновски, изјави дека нивното улилиште, кое е меѓу најголемите во земјава, е подготвено наставата да ја почне со физичко присуство на учениците до трето одделение. Тоа се вкупно 18 паралелки со по 30 ученици во паралелка и секоја ќе биде поделена во две групи со најмногу 20 деца. Онлајн-настава од нив сакаат да следат 15 до 20 отсто по паралелка. Имаат услови и за онлајн-настава за учениците од четврто до деветто одделение, наставниците се обучени, технички и просторно се опремени и сè е, рече, организирано и подготвено  за да нема проблеми.

Настава со физичко присуство ќе има во ОУ „Лазо Трповски“ во Карпош, не само до трето одделение за кои е задолжително, туку и за погорните одделенија зашто имаат просторни можности. В.д. директорката Јовановска рече дека за родителите што ќе побараат онлајн-настава имаат обучени наставници за да има квалитетна настава.

Матилда Бајкова, директорка на ОУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци со вкупно 250 ученици, изјави дека онлајн-настава ќе се организира само за ученици чии родители ја избрале, но дека 99 проценти од прво до трето одделение веќе се изјасниле за физичко присуство. И родителите на повозрасните деца, рече таа, сакаат настава со физичко присуство, имаат просторни услови и се подготвени согласно со протоколите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.