Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Училиштето е вистинското место каде од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности

0
By Ivana on November 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 09:50

Министерката за образование и наука Мила Царовска на симпозиум во Краков, Полска, посветен на антисемитизмот, во организација на Европската еврејска асоцијација, истакна  дека секоја генерација треба да се насочува кон стекнување вистински етички, морални и човечки вредности и кон препознавање на негативните општествени појави како дискриминација, омраза и нетолеранција, за да не дојде до нови сериозни катастрофи слични на холокаустот.

-За тоа е потребно развивање на индивидуалната и колективната свест во секое општество, а ние, политичарите и државниците, можеме многу да придонесеме кон постигнувањето на оваа цел. Трауматичните случувања и злосторства од минатото треба да ни бидат поука во сегашноста и да се стремиме кон создавање подобро општество за секого, во кое ќе нема или, пак, немилите настани ќе бидат сведени на минимум. Ова можеме да го постигнеме најмногу преку системот на образование, затоа што училиштето е вистинското место каде уште од најрана возраст се учат и развиваат позитивните вредности. Токму во таа насока се и новите наставни програми и материјали кои во Северна Македонија ги воведуваме етапно, а со кои се изучува еднаквоста, инклузивноста, мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на правата и различностите, рече Царовска

Како што информира МОН, министерката потенцираше дека антисемитизмот не е само лекција во учебниците во македонскиот образовен систем. Оваа тема не се изучува само преку еден текст напишан на една или две страници од учебник во некое одделение, туку, рече, е тема која систематски се разработува на повеќе нивоа, во повеќе одделенија.

– Се организираат и воннаставни активности, учениците го посетуваат Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Северна Македонија кој е лоциран во Скопје и со тоа се сензибилира прашањето за холокаустот, а младите се едуцираат да придонесат за никогаш повеќе да не се случи таква катастрофа, истакна  Царовска на симпозиумот, на кој учествуваа и министрите и државните секретари за образование на Германија, Холандија, Велика Британија, Франција, како и претседателите на парламентите во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

По завршувањето на симпозиумот во Краков, наведува МОН, учесниците го посетија и концентрацониот логор – музеј Аушвиц, каде им оддадоа почит на жртвите на холокаустот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.