Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царството на битангите

0
By Биљана Секуловска on September 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 5, 2020 09:22

Случајот со рушењето на дивоградбата кај Мавровка, после неколку месеци барање на почитуваниот господин инвеститор е навистина неверојатен чин, во кој правдата победува, но за да дојдеме до таа тешко освоена правда, мораме да се вратиме на самиот почеток. Ако ги погледнете реакциите на граѓаните, главната поента се состои во една одлично срочена реченица- “Најдоброто нешто е што битангата што градеше пред “Мавровка”, го викаат инвеститорот”.

Овој став ја содржи сржта на целото наше општество, целиот смисол на постоењето на една распадната, пред нашите очи,  правда, тоа е нашата тага и сета иронија.

Нашата почитувана мафија ја создала таа пајакова мрежа на политичарите, инспекторите, обвинителството, судството, полицијата- тоа се вистинските битанги- инвеститори кои ја градат секоја пора од државата, која се претворила во една голема дивоградба, едно царство на насилство и беззаконие.

На таа мафија никој не и го знае трагот, ниту почетокот, најмалку како стигнала до сиот тој крај во кој државата ја слави, затоа што таа низ времето станала нејзиното алтер его. Стануваат тие крволочно алчни, насилни и дрски шерифи, овој свет е нивен, за нив изграден и ним им припаѓа.

Секако дека мора да градат битангиве од инвеститори, оние цареви кули над нашите глави, да не офнеме кога ќе натежнат, за да можеме зградите да им ги држиме над нашите раменици. Само така тие ќе можат се одржат и да не надживеат, додека ние сме премалеле одамна.

Слично ги носиме на грб и нашите мали, кутри пратеници, таа стара, нам добро позната, почитувана  мафија. Што се не помина низ годиниве низ Собранието, кого се не згазија, понижија и осиромашија, кој на тоа да се сеќава. Веројатно Силвана Бонева и Мира Дизел се симболот на тоа царство кое се градело до небеса, нивните злоупотреби на патарините, изживувањето кое низ годините поминуваше  неказниво. Тоа расипништво секогаш доаѓа право пропорционално со почитта која се добива, заслугите кои не им припаѓаат, честа која се стекнала само со функцијата, но тоа е се што таа поседуваат, а ништо од тоа не заслужиле.

Но, Заев има поинаков план со заслужните пратеници- неговата најава дека ќе добијат понуда лично од него за нови функционерски места, подразбира дека не ја научил досегашната лекција- наместо да се ослободува од товарот на прегломазната администрација, која лакомо исцицува пари, ресурси и злоупотреба на моќ, тој  натоварува нови планини, нови кули од карти, нови јалови поминати години.

Еднакво поразително е последното истражување на Сабина Факиќ и Герман Филков од нивниот Центар за граѓански комуникации, за безмилосното и безобразно купување на автомобили на функционерите низ последниве години. За нови возила за само две и пол години, државата потрошила 8 милиони евра, и тоа станувало збор за само една или две понуди на тендерите, во 90 проценти од случаите.

Којзнае дали некој ќе се замисли, засрами, наведне и, дали е можно, да се извини некогаш, и потоа да одговара за сите потрошени наши денови, најмногу за тоа. Никој не верува во тоа, во таков исход, во таков пресврт. Но, останува на Заев да ги натера, еден по еден- да го сторат она што досега беше невозможно за нив, но и за него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.