Централното градско подрачје на Скопје утре попладне ќе биде под посебен сообраќаен режим поради Парадата на гордоста, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул. „11 октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, ул. „Васил Главинов“, бул. „ВМРО“, бул. „Илинден“, ул. „Аминта Трети“ и ул. „1732“, се вели во соопштението на МВР и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.