Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас – Павлопулoс: Потребен е широк консензус за решавање на спорот

0
By Нова ТВ on May 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Ципрас  го информираше претседателот  на Грција Павлопулoс, за текот на преговорите за решавање на спорот за името.

„Ние ја застапуваме линијата која ја имаме веќе две децении, а ја подржува огромното мнозинство од политичките сили“ му реферираше Ципрас на грчкиот претседател.

Ципрас рече дека предуслов за решение е уставна ревизија од страна на соседите, да се напушти каква било форма на иредентизам и дека Владата бара што е можно поголем консензус.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, според грчките медиуми, исто така ја нагласил потребата од широк консензус. „Политичките сили имаат разлики, но за националните прашања потребен е најголем можен консензус за  да бидат одржливи  и за Грција да има поголема моќ за преговарање”, рекол меѓу другото Павлопулос.

Ципрас смета дека е бесмислено да се зборува за кое било име ако претходно не се усполнат двата клучни услови поставени од грчка страна, а се однесуваат на ерга омнес. Грчкиот премиер оценува дека преговорите се во критична фаза за изнаоѓање заемно прифатливо решение, проблем кој како што рекол, ја оптоварува грчката надворешна политика со децении.

Лидерот на грчката опозициска партија Неа демократиjа, Кирјакос Мицотакис и поранешниот министер за надворешни работи, социјалистот Евангелос Венизелос го отфрлија предлогот „Република Илинденска Македонија” како иредентистички.

Извори од Неа демократија изјавиле дека Илинден се поврзува историски и директно со напорите за формирање, како што пишува весникот, „македонска” држава која го вклучува Солун и се протега до Егејско Море.

Грчките медиуми пишуваат дека против предлогот „Република Илинденска Македонија“ е и опозициската Комунистичка партија на Грција. По телефонскиот разговор што го имал со Ципрас, нивниот генерален секретар Димитри Куцумпас изјавил дека „Илинденска“ е етничка а не географска одредница, што е во спротивност со основното барање на Грција за решение на спорот за името.

Денеска за новиот предлог за решавање на спорот за името ќе се одржи лидерска средба и во Клубот на пратениците во Скопје – на која премиерот Заве ќе ги инфромира претседателот Иванов, претседателот на Собранието Џафери, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски и претседателот на ДУИ Ахмети за прегворите во Софија.

Павлопулус спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.