Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече во телевизиско обраќање дека промената на името на „ФИРОМ“ во „Република Северна Македонија“ ќе биде и за домашна и за надворешна употреба.
Тој рече дека тоа ќе овозможи јасна дистинкција помеѓу грчката провинција Македонија и државата.
– Промената на името ќе биде применета не само во меѓународните односи на земјата, туку и внатре во неа – рече Ципрас, додавајќи дека Скопје треба да направи ревизија на Уставот.
Ципрас истакна дека ова е „историски момент за Балканот и нашите народи“ и дека „со овој договор нашата татковина се консолидира себе како водечка сила на Балканот и како вистински столб на стабилност во длабоко ранетиот регион“.
Медијаторот Метју Нимиц го поздравува договорот меѓу Грција и Македонија, велејќи дека договорот ќе донесе „заеднички придобивки“.
Тој во изјава рече дека е самоуверен дека договорот ќе ги зајакне односите меѓу двете балкански соседи, и „особено меѓу нивните народи“.
– Во тој контекст јас сум охрабрен дека посветеноста на двете влади да испорачаат заеднички придобивки за сите нивни граѓани преку воспоставување на стратегиско партнерство базирано на интензивирана соработка во сите сектори – вели американскиот дипломат.




