Граѓанската организација Цивил – Центар за слобода ги повикува граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување а сите учесници и засегнати страни во изборниот процес да ги почитуваат законите и да се спроведе демократски, фер и слободен изборен процес.
Од политичките партии Цивил бара да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.