Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ: Медиумите се на првата линија на одбрана на човековите права и слободи; воените злосторства, корупцијата и криминалот „се бранат“ со дезинформации

0
By Ана Василевска on May 3, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 3 мај оваа година се одбележува и триесетгодишнина од Светскиот ден на слободата на медиумите. Руската брутална агресија против Украина и деструктивните последици од сите облици на хибридното војување против демократијата во Европа и во светот, ја истакнуваат важноста на медиумите повеќе од било кога досега.

Овој јубилеј ја дочекува Северна Македонија со уште еден скок на индексите. Добрата вест е што нашата земја бележи скок од 19 места на индексот на Репортери без граници. Но причини за радост на овој ден има малку.

Со право, ОН годинава го одбележува овој ден со темата „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“. Точно е дека подемот на независните медиуми и развојот на дигиталните технологии овозможија слободен проток на информации во светот. Сепак, слободата на медиумите, безбедноста на новинарите и слободата на изразување се сè повеќе на удар. Тоа силно влијае на остварувањето на сите човекови права и слободи.

ЦИВИЛ го повторува ставот дека дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права искажан и на Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември 2022:

Дезинформациите и пропагандата убиваат. Тие предизвикуваат недоверба во институциите, поларизација, несигурност, страв, тензии и насилство. Со заканите против медиумите, центрите на моќта нанесуваат ненадоместливи штети по економијата, политиката, целокупниот социополитички живот во општеството, стабилноста и безбедноста на државата.

Ставот на ЦИВИЛ дека корупцијата најефикасно „се брани“ со дезинформациите и пропагандата, произлегува од долгогодишниот мониторинг на состојбите и процесите во земјата, вклучително и на изборните процеси.

Од друга страна, организацијата повеќепати во текот на изминатите години нагласува дека борбата за правда е борба против корупцијата. Во тој и во поширок контекст, заложбите за човекови права и слободи, за мир, правичност и прогрес во општеството, се директно зависни од заложбите за слобода на изразувањето и медиумските слободи.

Дезинформациите и пропагандата се главна причина поради која кршењето на човековите права и слободи поминуваат неказнето. Трагичен доказ за ова тврдење е фактот дека воените злосторства и геноцидот „се бранат“ токму со дезинформации и пропаганда.

Пропагандните центри прават сè за да ги омаловажат и дискредитираат поединците, медиумите и организациите кои работат на промовирање на европските вредности, антинационализмот, правдата, еднаквоста и човековите права. Во светот, милитантните и диктаторските режими не се воздржуваат од прогон и убиства на новинари. Минатата година бележи црн биланс: најмалку 67 убиени и најмалку 568 затворени новинарки и новинари, според извештајот на Репортери без граници.

Нашата работа е во директна спротивност на сè што претставуваат центрите на моќта кои генерираат и пласираат дезинформации и пропаганда. Тие со години водат жестока и мрачна кампања против оние што се залагаат за човековите права и слободи.

ЦИВИЛ како граѓанска организација дејствува во насока на одбрана на човековите права, правичноста и општочовечките вредности. Медиумската платформа на ЦИВИЛ претставува извор на релевантни информации, извештаи и анализи, а воедно е платформа на која се одвива динамичен општествен и политички дијалог. Токму тоа се причините поради кои – и ЦИВИЛ и медиумите во состав на организацијата – се наоѓаат под континуиран удар на пропагандата, токму поради тие вредности и поради сеопфатниот прогресивен дух кој преовладува во нејзината медиумска работа.

Затоа, на 30-годишниот јубилеј на Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да ги согледаме фактите, колку и да се тие болни или замаглени со пропагандата. Медиумите се на првата линија на одбрана на човековите права и слободи! Воените злосторства, корупцијата и криминалот „се бранат“ со дезинформации.

ЦИВИЛ


Следете го ЦИВИЛ 
3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите дезинформации медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.