ЦИВИЛ ја продолжува серијата настани Зад димната завеса: Со референдумот, или на него со панел дискусија што ќе се одржи на 16 септември (петок), со почеток во 13 часот, во прес студиото на организацијата.

Учесници на панелот ќе бидат Благојче Атанасовски, политиколог, и Зоран Димитровски од Демократски сојуз, а настанот ќе го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

Тема на панелот е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на Договорот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која вчера беше одбиена од Собранието на Република Северна Македонија.

Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутјуб.

Извор: civilmedia.mk