Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора заинтересирана за официјален влез во „Отворен Балкан“

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
министерот Владимир Јоковиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот панел „Отворен Балкан – предности и недостатоци за Црна Гора“, што се одржа во Подгорица, потпретседателот на црногорската влада и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Владимир Јоковиќ подвлече дека „Отворен Балкан“ во кој засега членуваат три држави, не се занимава со политички прашања. „Ова е чисто за економски прашања и за тоа да има полесен проток на луѓе, стоки и капитал, а во сите документи што се потпишани се нагласува потребата за побрз влез на земјите од регионот во ЕУ“, рече Јоковиќ.

Според него, сите што велат дека „Отворен Балкан“ е контрапродуктивен на патот на која било земја кон ЕУ, имаат погрешен пристап, или тенденциозен или поради неинформираност. „Отворен Балкан не е кочница за ниту еден друг процес, тој е надополнување на се што се случува и е прилагоден на економскиот интерес бидејќи овозможува протокот на стоки, луѓе и капитал да се реализира без никакви проблеми. Исто така, би имало единствен документ за идентификација за побрзо преминување на границите на граѓаните, како и голема помош и договори за заедничко дејствување како одговор на природни катастрофи“, додаде Јоковиќ.

Како што наведе, „Отворен Балкан“ е фокусиран и на соработка во туризмот, каде може да се прават заеднички настапи и програми за пристигнување на туристи во регионот. „Црна Гора треба да биде дел од Отворени Балкан, не поради нечии интереси, туку поради граѓаните и компаниите. Стратешки интерес треба да биде патот кон ЕУ, но не можеме да занемариме нешто што ќе го олесни протокот на луѓе и капитал и ќе донесе придобивки за економиите“, рече Јоковиќ и додаде дека треба Црна Гора да разговара за деталите и пристапот од таа страна, а не со премногу широка елаборација која не се однесува на суштината.

Владимир Јоковиќ отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.