Граѓаните од поплавените подрачја ќе добијат околу 200 евра по семејство од средствата собрани на двете сметки на Црвен крст, односно од сметката на Фондот на солидарност и од телефонските броеви на која беа донирани 63,8 милиони денари или 1.038.389 евра.

Бројката на семејства на која им е потребна помош се движи од 4.000 до 4.500.

– Пријавувањето на граѓаните кои претрпеле штета е до петок, неофицијалната бројката на семејства на кои им треба помош е 4.000 – 4.500. Треба да ги почекаме официјалните податоци и потоа овие 63 милиони денари кои досега ги имаме собрано, ќе ги исплатиме линеарно. Ние ќе ги користиме резултатите добиени од комисиите кои се излезени на терен. Сметаме дека линеарниот начин на исплата на средства е најправеден и најхуман. По ист принцип ќе бидат распределени и средствата што дополнително ќе пристигнат – изјави генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити.