Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Активни 18 пожари, а шест ставени под контрола

0
By Нова ТВ on April 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 1, 2019 17:44

Во повеќе региони ширум државата има активни пожари и пожари ставени под контрола – информираат од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македониоја.  Во Битолскиот регион пожарот кој започна вчера во атарот на с.Норово кон с.Селце, општина Крушево е сеуште активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 ха. Пожарот и во текот на денот се шири зафаќајки и мешана нискостеблеста и висока дабова и букова шума. Заради ваквата состојба во утринските часови беше ангажиран хеликоптер од АРМ. Истиот е сеуште на терен и го гасне пожарот, а во пладневните часови пристигна уште еден хеликоптер од АРМ и пожарот интензивно се гасне со двата хеликоптери. Приземно интервенираат пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми, ШС ,,Липа,, Крушево.

На територијата на општина Крушево активен е и пожарот кај с.Јакреново кој започна во синоќешните часови каде гори нискостеблеста дабова шума во површина од 0,5 ха., со тенденција на проширување.

Нов пожар има во атар на с.Врбоец, општина Крушево. Со пожарот зафатена е дабова и букова шума. На терен е упатена екипа пожарникари и вработени од ЈП Македонски шуми ПШС,,Липа,, Крушево, месно население, како и вработени во ЕЛС Крушево.

Пожарот во с.Гостиражни, општина Долнени е сеуште активен. Пожарот е префрлен од Велешка општина. Со пожарот е зафатена дабова шума. Во текот на денешниот ден во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Црн Бор од Прилеп.

Активен пожар има во атар на с. Полчиште м.в. Торнева нива, општина Прилеп на истиот интервенираат од ШС „Црн Бор“-Прилеп. Во моментов гори сува трева и деградирана шума.

Од вчера сеуште е активен шумски пожар помеѓу селата Мренога и Вирово, општина Демир Хисар. Со пожарот е зафатена нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат вработени од ШС Бигла Демир Хисар и пожарникари од ТППЕ Демир Хисар.

Нов шумски пожар има во атар на с.Цапари на доста непристапен терен. ТППЕ Битола е на терен.

Скопски регион

Пожарот кој започнал на ден 30.03.2019 година на место викано Љуботенски Бачила над с.Љубанци, општина Бутел е сеуште активен. Со пожарот е зафатена мешана шума и сува трева. Во гаснењето на пожарот во моментот интервенираат од ШС Караџица.

Пожарот кај с.Катлановска Сушица, општина Петровец е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенира екипа од ШС Караџица.

Тетовски регион

Пожарот кој започна на ден 27.03.2019 година во атар на с.Луковица и с.Седларево, општина Желино е ставен под контрола. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Лешница од Тетово.

Започнат е нов пожар во атар на с.Долно Јаловце. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат од ШС Шар од Гостивар.

Струмички регион

Во Струмичкиот регион активни се 4 пожари на мало растојание помеѓу с. Бајково – с.Бадилен над с.Ново Коњарево, општина Струмица. На терен се излезени од ШС Беласица, ЈПКД Комуна Ново Село, од ТППЕ Струмица како и вработени од шумска и гранична полиција.

Охридски регион

Пожарот кој започна на ден 28.01.2019 година во атар на с.Рамне, општина Македонски Брод е ставен под контрола. Во негово гаснење интервенираат од ШС„Сандански„“ од Македонски Брод, од ЕЛС – Македонски Брод и од месното население.

Во општина Струга активен е пожар атарот на с. Октиси и Белица.

Започнат е нов пожар над с.Рамне во близина на фабриката Сувенир. Со пожарот загрозена е фабриката Сувенир во Македонски Брод. ТППЕ Македонски брод се на терен и известени се ДЗС од каде е побарана интервенција од воздух.

Велешки регион

Пожарот кој започна на ден 29.03.2019 година во с.Црешнево е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенираат од месното население кои го контролираат теренот.

Пожарот кој започна на ден 30.03.2019 година во атарот на с.Мокрени е сеуште активен во два правци. Едниот према с.Габровник и еден према с. Богомила. На терен интервенираат од ШС Бабуна од Велес.

Пожарот кој започна вчера северозападно од с.Ореше е исто така сеуште активен, а интервенираат од ШС Бабуна од Велес.

Штипски регион

Пожарот кој започна на ден 29.03.2019 година во с.Владимириво, општина Берово е делумно ставен под контрола. На терен се од ШС Малешево од Берово и луѓе од месното население кои работат на негово локализирање.

Пожарот кој започна на ден 30.03.2019 година во атарот на село Пресека, општина Кочани во непосредна близина на манастирот Св. Богородица е под контрола. Со пожарот е зафатена борова шума. На пожарот интервенираат од ШС од Кочани, ТППЕ Кочани, МВР ПС Кочани, КЈП Водовод и ЕЛС Кочани.

Кумановски регион

Нов пожар има во атар на с.Колицко. Со пожарот е зафатена нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале од ШС Куманово.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.