Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК со попладневен рапорт за состојбата со пожарите

0
By Mirjana on August 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден лет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

-За рационализација на времето, за намалувањето на потребното време на гасење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје со што значително го скративме времето и воедно на истото место, односно во близина, полнат вода од базен за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку, рече Ангелов на попладневната прес-конференција пред седиштеро на ЦУК.

Тој нагласи дека ова е прво наше искуство со авион Ц27Ј Спартан кој носи шест тона вода и затоа, како што кажа, се уште е рано да ги кажеме нашите импресии.

Помошникот раководител на ЦУК Марија Милкова истакна дека авионот има голем домет и затоа се делува  само од воздух.

-Пожарот кај делчевското село Нов Иственик е заобиколен од сите страни и се пази да не се прошири, но се уште е активен. Таму  дејствуваат 70 припадници на Армијата, 25 припадници на ШС Голак од Делечво, 12 пожарникари со цистерни и пет припадници на МВР,  ЈКП „Брегалница“ од Делчево и два хеликоптери на Армијата. Се уште активен е и пожарот кај селото Разловци на местото викано Чукалица, рече Милкова.

Како што истакна, друг активен пожар има и во велешкото село Џидимирци каде гори висока трева и дабова шума. Во гасењето учествуваат месното население, ШС Бабуна  од Велес и едно противожарно возило со пет пожарникари. Активен е  и пожарот во кавадаречкото село Манастирец што се појави во 13:30 часот каде гори сува трева. Во гасењето се вклучени противпожарни бригади од Кавадарци и соседните општини.

-Во 15:30 часот се појави пожар во скопското село Градманци, лоцирано на тромеѓето помеѓу општините Петровец, Велес и Свети Николе. Гори нискостеблеста шума и во гасењето на пожарот се вклучени лица од ШС Караџица, Противпожарната бригада на Град Скопје и месното население, рече Милкова.

Нагласи дека повторно е активиран пожарот што беше изгаснат во кумановско Старо Нагоричане во атарот на сеото Жељувино. На терен се противпожарни екипи од Куманово.

-Другите пожари што утринава беа активни се делумно локализирани, рече Милкова.

Прецизира дека во ЦУК има координација со субјеките и заседава Главниот штаб со цел да се донесат одлуки како и каде ќе се реагира на терен во текот на утрешниот ден.

изгаснати пожари Македонија нови ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.