Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туфегџиќ: Мобилниот на Младенов не е предмет на истрага

0
By Биљана Секуловска on April 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2013 13:22

Новинарот на Фокус, Никола Младенов, загинал во класична сообраќајна несреќа и нема докази дека во настанот учествувало друго возило или други лица.

Ова го утврдил истражниот судија во предистражната постапка заснована на обдукцијата на Институтот за судска медицина, крим-техничкото и сообраќајното вештачење на МВР, како и фотодокументацијата и скицата на која е претставено движењето на возилото.

Младенов возел со брзина од 160 километри на час, немал ставено сигурносен појас, а во едната рака држел цигара, се вели во обдукцискиот наод.

Судот соопштува дека поради тоа изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Причина за смртта е прекин на работата на аортата.

Најинтригантен податок во оваа истрага е прашањето за мобилниот телефон на Малденов, за којшто портпаролот на Кривичкиот суд Владимир Туфегџиќ за НОВА, рече не е предмет на анализа.

За листинзите од разговорите на мобилниот Туфегџиќ рече дека не е информиран.

За материјалните докази односно наплатните билети од парините пронајдени од новинарите од Нова Македонија – нема заклучок.

Изворите на НОВА, потврдуваат дека истрагата не контактирала со никој близок од семејството на Младенов, ниту пак со неговите најблиски соработници.

За деловите од возилото пронајдени на местото на сообраќајката кои беа предмет на истрага е заклучлено дека десниот преден фар потекнува од јануари 2012 од сообраќајка со друго возило. Трагите од левата банкина, пак потекнуваат од сообраќајка од 2010 на возило марка „Нисан“; бојата на десната страна на колата не е од автомобилска боја, туку антикорозивен материјал, објаснува за НОВА, Туфегџиќ.

Сите документи се препратени до Јавниот обвинител и тој ќе донесе одлука дали ќе биде покрената истрага или ќе бидат превземени други дејствија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.