Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туфегџиќ не бил крив, новинарите сами да истражеле кој држи тајни брифинзи

0
By Сашка Цветковска on November 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2013 16:59

Новинарите сами да истражеле кој стои зад брифинзите од судии дадени за одредени новинари и медиуми во кои се презентираа документи од доказната постапка во случајот „Ликвидација“,а од кои Основниот суд 1 подоцна писмено се огради. Ова е пораката на претседателот на Основниот суд 1, Владимир Панчевски добиена како одговор на прашање на НОВА.

На прашањето дали Основниот суд води некаква истрага околу тоа кои се неименуваните извори во судот кои им ги дале документите на одредени новинари во време кога пресудата се уште не е јавно објавена, од таму ни одговорија дека документите не им биле достапни на судиите, а тоа дека се достапни не било факт туку „тврдење на медиумите“.

„Не напишаната пресуда најодговорно тврдиме дека не била достапна на неименувани судии и неповикани лица, а тоа дека била достапна го тврдат новинарски извори од новинарски извештаи, кои ги објавија ваквите невистини. Кој ќе покрене одговорност за судиите и судските извори е реторичко прашање кое навинарите треба да си го постават сами на себе, бидејќи новинарите ја презентираа тезата „од судии и судски извори“, пишува во одговорот потпишан лично од претседателот на Судот до НОВА.

Судот уште ги повикува новинарите тие да истражеле од каде „протекле“ документите.

„Ги охрабруваме сите новинари како коректив на системот да откријат кој стои зад новинарските извори, бидејќи Вие медиумите го објавивте тоа“, порачува претседателот .
Ден по пресудата за новинарот Томислав Кежаровски со која му беше изречена казна затвор од 4,5 години, а која домашни и странски меѓународни организации ја оценија како скандалозна, во одредени медиуми кои важат за блиски до власта се појавија текстови кои содржеа документи и информации со кои судот образложува зошто пресудата е таква. Во своите текстови, медиумите се повикуваа на одржан брифинг од страна на неименувани судски извори.

Откако во јавноста се крена прашина околу прашањето кои се тие судски извори кои презентираат докази пред селективно избрани новинари на се уште ненапишана и објавена пресуда, Судот се појави со соопштение во кое се огради од истите.

Судот и претходно имаше писмени преписки во кои вербално се пресметуваше со новинарите кои бараа Кежаровски да се брани од слобода и кои подоцна реагираа на висината на казната која му беше пресудена. По тие соопштенија под кои единствено беше потпишана Канцеларијата за односи со јавност на судот, настана смена на судскиот портпарол Владимир Туфегчиќ.

Во јавноста се шпекулираше дека смената настанала токму како резултат на соопштенијата на Судот, како и тајниот брифинг со неименувани судски извори. НОВА праша дали овие две работи се поврзани, по што ни беше одговорено дека смената е ротациска и нема врска со работата на судијата кој ја извршуваше и функцијата портпарол.

-Сите соопштенија беа одобрени од претседателот на Кривичниот суд Панчевски. Се што се прави е со негова дозвола. Смената на Туфегџиќ е чисто ротациска и нема никаква врска со писмените реакции на судот, велат за НОВА соработниците од службата за односи со јавност во Кривичниот суд.

Новинарот Саше Димовски кој долги години ги следи состојбите во судството вели дека ваквиот одговор на судот го наоѓа, во најмала рака, за чуден.

„Не може да стане за никаква наводна ротациона смена како што трвди судот бидејќи судијата беше портпарол откако Лидија Неделкова стана претседател на тој суд што значи повеќе од 5 години беше на таа функција, па ако се прифати тврдењето за ротација на судот тогаш нека кажат на колку години ротираат. Јас сум убеден дека смената на Туфегџиќ мора да има врска со последниот брифинг во кој што судот мораше да се огради од своите внатрешни извори“, вели Димовски.

Кој е Владимир Панчевски

Судијата Владимир Панчевски беше поставен за претседател на Основниот суд 1 во Јули минатата година. Пред доаѓањето во Кривичниот суд, тој работи во Министерството за финансии во одделот на финансиската полиција. Во Кривичниот суд доаѓа во 2008 година на позицијата истражен судија. Откако Лидија Неделкова е назначена за претседателка на Судот тој истата година во 2009 е прераспореден во Одделот за организиран криминал. Работел на некои од „жешките“ процеси како „Армиско оружје“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.