Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туфегџиќ: Новинарите кои нашле докази да ги достават

0
By Биљана Секуловска on April 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2013 13:09

Пронајдените докази на местото на несреќата на Никола Младенов од страна на новинарите на “Нова Македонија” и од Јадранка Костова, главната уредничка на “Фокус”, треба да се достават до надлежните институции: јавен обвинител, МВР или до истражен судија и подоцна ќе биде одлучено дали тие докази се релевантни и влијаат врз истрагата, изјави за НОВА портпаролот на Кривичниот суд судијата Владимир Туфегџиќ.

После цела недела, се уште нема резултати од истрагата за новинарот и сопственик на Фокус, Никола Младенов- ниту резултати од обдукцијата, ниту пак од вештачењето на возилото. Сепак, Туфегџиќ одбива да коментира како е можно доказите да бидат оставени на местото на несреќата и додава дека истражниот судија постапил согласно законот- го известил јавниот обвинител и ги дал потребните наредби – за вештачење на возилото и обдукција и вели дека тие резултати се очекува да стигнат најитно до истражниот судија, после што тој ќе донесе одлука дали треба да се преземат дополнителни мерки и истрага. Во овој контекст, портпаролот на МВР Иво Котевски за НОВА вели дека во најкус можен рок ќе бидат доставени сите резултати побарани од истражниот судија, но вели дека не смее да коментира кои точно истражни дејствија се вршат во моментов во МВР, затоа што за сите постапки и коментари е надлежен исклучиво истражниот судија.

Во овој момент не се работи за истражна постапка, туку за предистражна, за што единствен надлежен е јавниот обвинител- според неговата одлука постапката може да биде пренасочена во истрага. Туфегџиќ додава дека загинувањето на Младенов е голема трагедија,” но и за мене тоа е лична трагедија, бидејќи нашето познанство датира уште од младоста”, вели судијата Туфегџиќ за НОВА.

За НОВА вчера даде изјава поранешен висок полициски службеник со долгогодишно искуство во сферата на ваквите истраги. Од него побаравме да ни објасни како треба да изгледа истрага во вакви случаи. На прашањето дали е вообичаено да се оставаат можни докази на местото на несреќата, тој одговори дека во пракса добрата истрага зад себе не смее да остави ниту лични предмети, ниту, пак, делови од автомобилот кои би можеле да бидат клучни во истрагата и без кои не би можело да се направи квалитетно вештачење.

-Секој пронајден предмет се означува, документира и се обезбедува. За овој тип на сообраќајка вообичаено се собира се што е на терен, а особено се значајни деловите на возилото бидејќи за да биде квалитетно вештачењето потребни се сите коцки во мозаикот. Единствено можеби некоја ситница како парче од скршен трепкач може да се сликне и да се остави. Значи зборуваме за ситници. Личните предмети, без разлика дали се тоа мастики, ливчиња, весници и слично, во секој случај мора да се соберат, вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

-Кога се прави увид на отворено мора да се биде многу внимателен. Прво тргнува една група и собира се пред себе, а потоа и уште една во случај првата група да направила превид и да испуштила нешто.

КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ИСТРАГАТА од прилогот на Сашка Цветковска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.