На прашање на 24инфо, директорот на Катастар, Борис Тунџев одговори дека информациите изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за министерката за одбрана Славјанска Петровска, се голема лага и манипулација со граѓаните.

“Тоа што лажно го прикажува Ковачки не е никаков имотен лист бидејќи таков имотен лист не постои, Петровска не поседува никаква хациенда. Министерката за одбрана била сосопственик на идеален дел и тоа на помалку од една третина од земјиштето, кое врз основа на купопродажен договор го има продадено на сегашниот сопственик запишан во катастарот на недвижности за КО Радишани.”, изјави Тунџев за 24инфо.

Тунџев исто така потенцираше дека било кое заинтересирано лице може врз основа на поднесено барање да изврши увид во податоците за запишаните права во катастарот на недвижности.

Извор: 24инфо