Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер и уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас договарале креирање на скандал во кој ќе наместат директор на средно училиште да биде фотографиран со средношколки и шампањ, рече претседателот на општинскиот комитет на СДСМ во Охрид Томислав Тунтев, при објавувањето на новиот сет разговори од проектот „Вистината за Македонија“.
Тунтев вели во аудио – снимките може да се слушне за местеники, злоупотреба на медиуми, купување на градежни парцели од страна на луѓе од власта, како и договори како да се затвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Како штo рече Тунтев, Протуѓер барал аферата со директорот да се фабрикува, бидејќи на оваа функција бил поставен од градоначалникот Александар Петрески.
Транскрипт:
1.Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас
ДПЛ: Кај си бе директоре?
МП: Ало?
ДПЛ: Кај си директоре?
МП: Е извини, добро бе добро еве у Охрид нешто, слушај…
ДПЛ: А…
МП: Ќе ти даам ексклузивно, му јавив и на Горан…една фотографија шо на Сител ќе иде, на директор на школо во Охрид, на средно школ,о со средношколку у џакузи и со шампањ…
ДПЛ: Хахаха, па дај и во Вечер…
МП: У вечер да ја пукнеш на насловна
ДПЛ: На насловна да
МП: Близок пријател на Ацо Петревски, близок пријател на Ацо Петревски, еве ги вредностите на С…
ДПЛ: А он го поставил?
МП: Он го поставил, да…да
ДПЛ: Аоо…
МП: И невидено со шампањ, со ученички чоече малолетни пијат шампањ и овој директоров … значи ќе видиш у Банско е тоа… у Банско…
ДПЛ: Па и добро ги однел у странска држава, нема кривично дело…
МП: Хахаххаха
ДПЛ: Хахахах…добро му текнало
МП: Не ова е скандал, ние вечерва ќе му правиме протести чуда, чудо ќе биде…ова топ тема треба да го напраиме…
2.Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас
МП: Види сеа што праиме…Денеска тоа утре поврзуваме тоа како начин и стил на владеење на ес де ес, знаеш?
ДПЛ: Види, таму е тоа рецимо битно да се формилира како лоша препорака за родителите кого го гласаат на овие избори…
МП: Да да да…
ДПЛ: Од тие родители еден ќе му ја учука на улица па што сака нека биде
МП: Да да даа… Не бе ја протести му праам на него, ќе видиш… лом ќе биде лом…




