Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тунтев vs. Димовски и Димитриев за Макпетрол и Телма

1
By Нова ТВ on July 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2016 16:01

Пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ на денешните пратенички прашања во Собранието го покрена проблемот со „Макпетрол“ обвинувајќи ги државните институции на непреземање дејствија во однос на ова прашање.

Тој го праша премиерот Емил Димитриев дали е информиран и свесен дека Никола Груевски и Сашо Мијалков направиле и организирале шема за напад врв „Макпетрол“ со цел да се преземе или уништи фирмата и телевизијата Телма, служејќи се со незаконски средства и со методи да се намали вредноста на акциите на фирмата, а истовремено да ги информираат акционерите да се ослободат од акциите навреме, односно да ги продадат.

– Атакот почна 2013 со закани и притисоци како и врз раководната структура на препознатлив и веќе виде начин како и кај телевизиите А1 и Алфа. Власта нападот го продолжи со кривични пријави против 20 луѓе од управувачката гарнитура меѓу кои и за сопствениот за наводен организиран стопански криминал, идентично како кај монтираните случаи за А1 и Алфа и овде се бараше замрзнување на имотот. Сега во обид за преземање од странска компанија повеќе од јасно е дека власта се обидува да ја нападне и уништи фирмата „Макпетрол“. Овој пат се работи за оф-шор шема со компании формирани на Кипар и на Дествените остров, со многу мал основачки капитал и сомнителни извори на финансирање. Фирмата „Балкан Петролеум“ која се јавува како купувач е дел од таа оф шор-шема, потенцираше Тунтев во денешниот говор.

Според него индикатор за ова прашање е молкот од страна на омисијата за хартии од вредност, Финансиската полиција, Финансиската управа како и Министерството за финансии.

– Тие ги затвораат очите пред она што е јасно за целата македонска јавност. Оваа влада има принцип – ако не си со мене тогаш си против мене, затоа сите критички настроени медиуми ги трпат притисоците и се жртви на брутален атак врз фирмите и сопствениците. Сега дојде ред и на Телма, рече Тунтев.

Процедурално на ова одговори координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој рече дека со изнесување на вакви непроверени и неточни информации се прави класична злоупотреба на Собранието и на пратеничкиот имунитет и функција.

Димовски потенцираше дека прашањата на пратеникот Тунтев се исто како некој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да го праша министерот за транспорт и врски дали Тунтев како заменик-градоначалник на Охрид имал стан во секоја зграда во Охрид.

Премиерот Димитриев на ова одговори дека Владата и институциите ќе одговорат согласно ингеренециите.

– Проблематика тангира акционерско друштво согласно принципите на берзата, па ако го ставиме во контекст на политика ќе направи штета и на „Макпетрол“ и на медиумиот. Јас одговорно тврдам дека владата и владините институции ќе одговорат максимално согласно надлежностите но бидејќи се работи за приватна компанија, не би сакал да навлегувам во детали. Во однос на берзата, ќе се работи согласно закон, рече Димитриев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.