Еден убиен, еден повреден по синоќешниот ракетен напад врз зградата на полицијата во Анкара.
Турските власти ги пронашле двајцата напаѓачи во близина на универзитетски кампус, а засега не се познати мотивите за инцидентот.
Две ракети синоќа ја погодиле зградата на директоратот на националната полиција во предградието Дикмен, а третата паднала во дворот. Полицијата ја блокира областа, каде пронајде и една неексплодирана граната.
Градоначалникот на Анкара Мелих Ѓукчен потврди дека нема жртви во инцидентот, меѓутоа причинета е материјална штета.