Запленети рекордни 717 килограми и 694 грама хероин на границата меѓу Турција и Бугарија.
Дрогата била скриен во товарен камион со приколка со хрватски регистарски таблички, што превезувал машини за перење и телевизори.
Камионот бил натоварен во Истанбул. Преку граничниот премин „Хамзабејли-Лесово“ тој требало да влезе во Бугарија и оттаму да продолжи за Босна и Херцеговина, што била неговата последна дестинација.
Хероинот бил распореден во 1.400 пакети и сокриен во машините за перење. Возачот на камионот, кој е хрватски државјанин, е притворен.