Приходите од туризмот во Грција достигнаа околу 3,3 милијарди евра во првата половина од годината, што значи зголемување за околу 17,8 отсто од 2012 година.
Според податоците на Банката на Грција, руските посетители придонеле најмногу за овогодинешниот пораст. Потрошиле речиси 341 милион евра, речиси 42 отсто повеќе од минатата година.
По нив следуваат туристите од Франција, 30,7% по американските туристи со 25,4% и туристите од Германија 17,8 отсто
.
Најголеми општи потрошувачи сепак се Германицте со 541 милион евра.
Во споредба со месец јуни минатата година, приходите од туризмот се зголемени за 20,6 отсто. Достигнувањата се 1,6 милијарди долари.
Грција се надева дека ваквите достигнувања, плус очекувања од околу 17 милиони посетители, би ја намалиле рецесијата.