Tурското обвинителство побара казна од 15 години затвор за 11 активисти за човекови права.
Меѓу обвинетите се и директорката на турскиот огранок на Амнести интернешнал, Идил Есер и по еден германски и шведски државјанин.
Активистите од кои осум се во притвор, се обвинети за припадност и помагање на „вооружена терористичка група“, Најголем дел од нив се уапсени во јули и обвинети за врски со „терористичка организација“.