Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турското обвинителство ги обвини ЦИА и ФБИ за логистиката на пучот

0
By Нова ТВ on August 2, 2016 ВЕСТИ
epa05451064 Turkey's Cheif of Staff General Hulusi Akar (2-L) and US Chairman of the Joint Chiefs of Staff General Joseph Dunford Jr. (C), visit a destroyed part of the Turkish Parliament in Ankara, Turkey, 01 August 2016. The visit of the United States Marine Corps general comes in the aftermath of 15 July failed coup d'etat in Turkey. EPA/STR
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот премиер Бинали Јилдирим во текот на вчерашната средба во Анкара со генералот Џозеф Дуфорд, началник на Генералштабот на армијата на САД, уште еднаш го повтори своето барање за екстрадиција на поранешниот имам Фетула Ѓулен кој живее во егзил во Америка. Истовремено, турското обвинителство во Одрин утврдило дека ЦИА и ФБИ ги обучувале следбениците на свештеникот Ѓулен, кои на 15 јули се обидоа да изведат воен удар во Турција.

Како што пишуваат медиумите во Турција, обвинителството бара максимална казна за 43 осомничени кои се поврзани со пучот, а најтешка можна казна се бара и за Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Ердоган го посочи како духовен водач на пучот.

„ЦИА и ФБИ организираа тренинзи во културните центри на ѓуленистичкото движење. Операциите кои обвинителите ги направија на 17 декември пред три години се добар пример на нивното делување.“, се наведува во обвинението, со објаснување како САД ги обучил ѓуленистичките следбеници и како тие потоа се инфилтрирале во безбедносните институции.

„Тој пропаднат обид за пуч требаше да ја ослаби државата и нејзините институции и да ја урне владата. За обидот за пуч виновни се ѓуленистите кои работат во судството и во безбедносните институции, а кои ги обучуваа Американците.“, тврди обвинителството, пренесува агенцијата Анадолија.

Освен со премиерот Јилдирим, генералот Дундорф се сретна и со началникот на Генералштабот на турската армија Хулусиј Акер. Во текот на состанокот на воениот врв, Дундорф најостро го осуди обидот за пуч и истакна дека причината за неговата посета на Турција е да покаже солидарност со турскиот народ и желба за продолжување на воената соработка.

За време на средбата, генералот Дунфорд, како што јавуваат агенциите, прашал и дали Анкара има докази дека зад пучот стои Ѓулен, на што неговиот колега Акер одговорил дека всушност тој лично е доказот, затоа што за време на пучистичкиот напад на турскиот парламент, едвај извлекол жива глава.

„Ви требаат докази? Јас сум жив доказ“, му одговорил Акер на генералот Дунфорд.

Ердоган. Ѓулен пуч Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.