Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција одлучува за иднината на политичкото наследство на Ататурк

0
By Борјан Јовановски on May 14, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 14, 2023 12:50

Денеска Турците одлучуваат за нивната иднина. Овие избори во Турција се оценуваат како најзначајни во Европа во оваа 2023 година. Изборите коинцидираат со 100 годишнината од основањето на секурланата турска република од Мустафа Кемал Ататурк во 1923 година.
Во една од анкетите деновиве објавени на глобалните ТВ мрежи еден млад човек во Истанбул на прашањето што ќе се случи доколку победи Ердоган, тој одговори: „Планираме да започнеме длабока жалост. Нашата земја каква што ја знаеме повеќе нема да ја има“.
Турција денеска треба да одлучи дали се враќа на постулатите на славниот Ататурк и неговата заложба за Турција со европски вредности или ќе го продолжи патот на Ердоган и неговата ревизионистичка политика.
Кампањата на Еродган очекувано се карактеризираше со силен акцент на семејните вредности и остра реторика против ЛГБТК+ заедницата. Сосема очекувано, тој ја заврши својата кампања во саботата вечерта во Света Софија – некогаш најголемата црква во Константинопол – која Ердоган ја врати од музеј во џамија, како што беше во отоманско време.
Ердоган исто така ја прикажа опозицијата како полтичка структура која ја рапродава Турција на Западот и глобалните финансиски институции како што е Меѓународниот монетарен фонд. „Дали сте подготвени да ги закопате на гласачките кутии оние кои ветија дека ќе ги препуштат вредностите на земјата на странци , извика Еродган на еден од предизборните митинзи.
Ердоган во кампањата , критикуван од опозицијата дека му се додворува на Кремељ и дека Русите се мешаат во изборниот процес возварти дека дека „нема да ги прифати“ нападите на опозицијата врз рускиот претседател Владимир Путин .

Спротивно на тоа, главниот ривал на Ердоган, Киличдароглу, се обидуваше да се наметне во изборната трка како наследник на Ататурк и потребата да се врати земјата на патот кон европските демократски норми по залетот на Ердоган кон авторитаризам. Додека Ердоган за крај на својата кампања ја избра џамија Света Софија, Киличдароглу го стори тоа со положување цвеќе на мавзолејот на Ататурк. На последното обраќање тој го критикуваше Ердоган за тоа што Турција ја предал на пријателски мрежи на олигарси и градежни босови, велејќи дека земјата нема место за „разбојници“. Киличдароглу го критикуваше претседателот за владеење од неговиот претседателски комплекс со 1.150 соби – наречен Сарај – и рече дека ќе владее од поскромната куќа Чанкаја што Ататурк ја користеше за неговиот работен кабинет.

Во кампањата опозицикиот лидер голема надеж вложи во младите.
“Влегуваме во вториот век, млади. И сега имаме нова генерација ве имаме вас. Треба да одлучиме целосно: Дали ќе бидеме меѓу оние кои само го одбележуваат Ататурк – како во првиот век – или оние што го разбираат во овој век? Оваа генерација ќе биде од оние што разбираат“, вели тој во видеото посветено на младите.
Барем во луксузниот кварт на Бешикташ, во саботата вечерта, сите муабети за Ататурк не беа сува лекција по историја. За време на нивните последни пива – пред да стапи на сила забраната за продажба на алкохол на денот на изборите – младите Турци удрија во воздухот и скандираа заедно со возбудлива химна: „Да живее Мустафа Кемал Паша, да живее да живее“.
Ердоган и Киличдароглу истапија со дијаметрално спротивни ставови околу ЕУ. Киличдароглу инсистира на реформи потребни за да се придвижи Турција кон членство во ЕУ.

На прашањето дали тоа би можело да има контраефект бидејќи некои земји во ЕУ секогаш ќе го блокираат турското членство, тој рече дека самите реформи се најважниот елемент за иднината на Турција.

„Не е важно дали ЕУ ќе не прими или не. Она што е важно е да ги донесеме сите демократски стандарди што ги предвидува ЕУ во нашата земја“, рече тој.

Избирачките места – кои се поставени во училиштата – се отворија во 8 часот и се затвораат во 17 часот. Во 21 часот медиумите може да почнат да известуваат, а неофицијалните резултати се очекува да се слушнат околу полноќ.
Последните анкети покажуваат водство на опозицискиот лидер од 2% што исходото на изборите го прави многу неизвесен. Многумина стравуваат од можноста Ердоган да не ја предаде власта доколку разликата во гласови е многу мала.

Два дена пред изборите, опозицијата го обвини министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу дека подготвува изборна манипулација. Главната опозициска партија рече дека Сојлу ги повикал гувернерите да побараат поддршка од армијата ноќта на изборите. Сојлу не даде јавен одговор.

Самиот Ердоган се обиде да ги минимизира овие стравувања . Пред публиката во студио од млади луѓе во петокот, тој го отфрли како „смешен“ ставот дека можеби нема да ја напушти функцијата доколку изгуби. „Дојдовме на власт во Турција со демократски средства и со учтивост на луѓето. Ако донесат поинаква одлука, што и да бара демократијата, ние ќе го направиме тоа“, рече претседателот уште отфрлен од, како што рече неговата партија, напад на гастроентеритис за време на кампањата

Борјан Јовановски

#Турција #избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.