Триесет и две лица осомничени за соработка со руските разузнавачки служби во организирање саботажи и напади се приведени денес во Полска, изјави премиерот на таа земја, Доналд Туск.
Туск рече дека „овие сомневања се основани“.
Како што изјави тој, меѓу приведените осомничени има државјани на Полска, Русија, Украина, Белорусија и Колумбија.