-Големо мнозинство беше за тоа да се отворат преговори. Сепак не успеавме да постигнеме концензус. Но затоа ќе се навратиме на ова прашање пред самитот во Загреб закажан за мај 2020. Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова. Тие направија се што побаравме и се подготвени за старт на преговори. Потпишувањето на Преспанскиот договор е исклучително достигнување. Двете земји се подготвени за старт на преговори, но некои земји членки не се подготвени за тоа. Сакам да се обратам до нашите пријатели во Северна Македонија и Албанија и да им порачам: Ве молам не се предавајте, рече претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на прес конференцијата во Брисел со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

Јункер прашан дали е ова крај на проширувањето, одговори дека „ако е ова крај на проширувањето ние заслужуваме критика“.

-Ова е историска грешка-голема историска грешка, Ако сакаме да не почитуваат, мора да си ги одржиме нашите ветувања, рече Јункер.

-Вложивме многу, ветивме исто така, и ако сакаме да бидеме почитувани во светот треба да се држиме до нашите ветувања. Немам сомневања дека ова е само времена криза, а не крај на процесот на проширувањето . Големо мнозинство беше да се дадат преговори и верувам дека ќе најдеме решение пред Самитот во мај 2020, одговори Туск на истото прашање.