Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во ексклузивна изјава за Телма вели дека се уште има земји членки кои се скептични во поглед на прашањето за отварање на пристапни преговори со Македонија и Албанија. Туск вели дека е многу тешко да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите членки на Унијата.

Не сум сигурен. Многу е тешко да се најде решение кое ќе ги задоволи сите земји членки. Направив се за да ги поддржам Македонија и Абанија, но се уште имаме земји-членки кои се скептични кога станува збор за отворање преговори,

беше одговорот на Туск на прашањето од репортерка на Телма.