Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск: Со договорите со Бугарија и Грција станавте шампиони на политичката зрелост во регионот

0
By Нова ТВ on September 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2019 13:18

Северна Македонија си ја заврши работата и сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на зедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

– Во јуни јасно кажав дека земјата направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Напорите на земјата беа извонредни во последните години. Заедно ја издржавме една од најтешките миграциски кризи. Северна Македонија го помина овој тест подобро од многу членки на ЕУ. Најдовте решение на драматичните политички кризи во вашата земја. Преку вашите договори со Бугарија и Грција вие станавте шампиони на политичката зрелост во регионот. Тоа е импресивно и меѓународно признато постигнување, што не треба да биде занемарено од лидерите на ЕУ, рече Туск.

Посочи дека лидерите на ЕУ на средбата во јуни се обврзале да донесат јасна и одржлива одлука во октомври за отворање на преговорите.

– Вашата земја во последните две години направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Тоа продолжува да биде мој цврст став. Вашата земја направи се. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел во однос на вашата политичка определба кон владеење на правото и борбата против корупцијата, истакна Туск.

Порача да продлжат реформите, дека ќе биде потребно многу трпение, но оти немам сомнеж дека земјата има квалитетти да го направи тоа.

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност за поддршката во текот на целиот мандат на Туск.

– Наша заедничка желба е во периодот до следната седница на Европскиот совет ова заендичко пријателство да го крунисаме со заеднички успех во октомври. Заеднички, затоа што е заеднички интерес и на Северна Македонија и на ЕУ. Ова е период од најголема важност за постигнување на стратешките цели на нашата земја со долгорочно и суштинско значење за нашите граѓани, изјави Заев.

По 10 препораки од ЕУ и постигнатите рзулати, Заев е убеден дека земјата е подготвена да ги совлада предизвизите кои доаѓаат со отворањето на преговорите. Тој очекува на состанокот на Советот на ЕУ на 15 октомври со кој ќе претседава Туск, да биде донесена одлука за почеток на преговорите без одложување.

– Со започнувањето на прегворите влегуваме во трасформациско патување кон членство во ЕУ. Тоа е незаменлива алатка која генерира успешни приказни во земјите кандидати. Домашните обврски продолжуваат особено во владеење на правото, кажа Заев на заедничката прес-конференција со Доналд Туск.

Пендаровски – Туск: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат европска иднина

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.