Британската компанија Де Ла Ру најави тужба против владата откако тендерот за печатење на новите пасоши во Велика Британија го доби француско-холандската компанија Гемалто.
Гемалто ги печати возачките дозволи во Британија, додека пак Де Ла Ру е специјализирана за печатење пари и пасоши.
Британската компанија тврди дека имала најдобра понуда, поради квалитетот и безбедноста на новите пасоши како и цената која била пониска од вообичаено.
Британија воведе црвени пасоши во 1988 година, во координиран чекор со земјите од Европската Унија.
Но, по Брегзит, британската Влада реши да ги врати старите темно сини пасоши, за што објави нов тендер за нивна изработка.
Од Владата рекоа дека Гемалто победила на тендерот, бидејќи имала најдобра понуда.