Без претходно да не информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој, на нивен својствен начин го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма, што е недозволиво и спротивно на сите етички, морални, но и законски норми, реагираат од телевизија Телма.
„Бараме од ВМРО ДПМНЕ да престане да ги злоупотребува архивите што ги поседува, а во кои најверојатно се наоѓаат и вестите на телевизија Телма, кои патем се наша сопственост и авторски труд заштитен со закон. Истото се однесува и на сите други политички партии. Телма очекува соодветна реакција и од Советот за радиодифузија и повлекување на спорниот политички спот,чиј нарачател е ВМРО ДПМНЕ.
Телевизија Телма најостро се спротиставува на злоупотребата на нивниот медиум во политички цели од страна на ВМРО ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ.




