Марихуаната наскоро ќе се легализира во Македонија, објави ТВ21 повикувајќи се на извори во Владата. Според оваа информација, за почеток тоа ќе се случи во туристичките места, односно во Охрид и во Струга.

Како што објавува ТВ21, анализите на Владата покажале дека легализацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, а со тоа и поголем девизен прилив во тие места.

Во Македонија, засега, марихуаната се користи само за медицински цели.