Твитер најави на 25 септември дека воведува систем кој ќе дозволи прием на итни пораки што ќе ги испраќаат владите или меѓуанродните организации во случај на епидемија и природна катастрофа.
Твитерџиите кои ќе се претплатат на оваа услуга ќе добиваат известувања на нивниот смартфон преку Твитер и смс порака доколку го дадат бројот на мобилниот телефон. Ова ќе можат да го користат организациите кои учествуваат во програмата како на пример американската Федерална агенција за итни стуации, Центарот за превенција на катастрофи во Јапонија или Светската организација за здравство.
Твитер го подготвува својот влез во берзата. Оваа вест Твитер ја најави откако покажа дека бил корисен за време на ураганот Санди на истокот на САД. Услугата за итни пораки ќе биде достапна прво во САД, Јапонија и Јужна Кореја а потоа набрзо ќе се прошири и во други земји, објавува Твитер.