Извори од МВР за НОВА потврдуваат дека утрово е уапсен заменикот Јавен обвинител Стевче Тасевски од Битола, како и неговиот возач Н.Х.

Тасевски е поранешен Јавен обвинител, кој сега ја врши фукцијата на заменик во Јавното обвинителство во Битола.

Според МВР битолскиот заменик Јавен обвинител е под сомневање дека заштитил тројца осомничени за трговија со оружје затоа што не ги процесуирал пријавите против нив.

Во тек е претрес на домот на С.Т., подетални информации МВР ќе јави по завршување на претресот.

Неофицијално во домовите на двајца уапсени прилепчани било пронајдено поголемо количество оружје и муниција.