Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен братот на романскиот претседател поради мито

0
By Нова ТВ on June 20, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 20, 2014 19:35

Романскиот претседател на заминување, Трајан Басеску, се најде под притисок поради контактите на својот брат со мафијата. Мирча Басеску, брат на романскиот претседател, синоќа бил уапсен под обвинение за примање поткуп.

Според обвинителите од Националната дирекција за борба против корупција во Романија, Мирча Басеску добил сума во вредност од 250.000 евра преку посредник од уапсено лице поради обид за убиство, со цел да влијае за негово ослободување.

Лицето, за кое се тврди дека братот на шефот на романската држава требалo да влијае да не биде затворено во замена за пари, е Ангел Санду, познат како Берча Мондиал, против кого е водено дело за обид за убиство на негов роднина во 2011 година. Кон крајот на минатиот месец Мондиал добил конечна пресуда од осум години и девет месеци затвор. Берча Мондиал, кој вчера беше донесен од затворот за да даде изјава пред Националната агенција за борба против корупцијата, пред новинарите изјави дека дал два милиони евра за да побегне од затвор и дека во случајот биле вмешани претседателката на Врховниот суд Ливија Станчу и раководителката на Националната дирекција за борба против корупцијата Лаура Кодруца Ковеши.

Со солзи во очите и треперлив глас претседателот Трајан Басеску изјави дека нема да подлегне на „природниот импулс да го брани својот брат“, туку ќе се заложи за „консолидирање на судството“. Тој знаел за уценувањата на мафијашот кон неговиот брат, но во ниеден момент со Мирча Басеску не разговарал за свое вмешување во работата на судството. Претседателот изјавата ја даде од својот кабинет, а повеќе телевизиски станици ја пренесуваа во живот.

Центристичко-десниот Басеску се смета за најважниот политички поддржувач на борбата против корупцијата во Романија, а неговите напредоци ги призна и ЕУ. На претседателските избори во ноември тој не може да се кандидира по два мандати едноподруго, но планира да остане во политиката.

Извор: Дојче Веле на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.