Под сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената должност. Фулани е уапсен во неговата канцеларија во банката, соопшти албанското МВР, на што претходела одлука на судот во Тирана по барање на јавното обвинителство.
Апсењето на Фулани доаѓа по големата кражба во банката која според досегашните информации на банката изнесува над седум милиони евра, но се верува дека грабежот е многу поголем. Претходно беа уапсени и десетина други високи раководители на банката.
Инаку, по големиот скандал што се случи во банката, додека институциите молчеа, невладиниот сектор организира петиција и протести за апсење на Фулани.