Грчката антитеротистичка полиција утринава го уапси Никос Михалолиакос лидер на Златна зора. Со него е уапсен уште еден пратеник од партијата. Двајцата се осомничени за “криминална организација”, тврдат извори од полицијата.
Во моментов се бараат уште троцја пратеници од партијата. Налозите за апсење се издадени од Врховниот суд на Грција.
Златна зора е во центарот на полициска истрага за убиството на анти фашистот Павлос Фисас на 18 септември од страна на неонацист кој имал врски со оваа партија. Убиството ја шокираше грчката јавност.
Досега оваа партија не беше казнувана за насилствата извршени против мигрантите и симпатизерите на левицата. Премиерот Антонис Самарс се обврза дека неговата влада ќе ја брани демократијата и ќе се бори против насилството. Десет илјади Грци протестираа во средата во Атина за да го искажат своето незадоволство против екстремната десница а 2000 лица присуствуваат на погребот на Фисас.