На денешните протести приведен е новинар-практикант од весникот Лајм, кој известувал за протестите во Чаир јавува весникот Лајм
„Уапсен е новинарот, практикант на весникот „Лајм“, Бесим Ибрахими, кој што излезе денеска за да известува од денешните протести во Скопје. Тој не информираше по телефон дека се наоѓа во полициско комбе и дека го носат во некоја од полициските станици, но не успеа да ни каже за околностите и причините за кои е уапсен. Ибрахими беше уапсен во 15:20 часот. Се обидовме да го добиеме повторно на телефон, но иако телефонот е функционален, не добивме одговор.
„Лајм“ бара од МВР и други надлежни органи веднаш да го ослободи Ибрахими, додека од ЗНМ бара да реагира што е можно побрзо за случајот.
„Колегата Бесим Ибрахими од пред два месеца е ангажиран како практикант новинар во “Лајм”. Редакцијата на “Лајм” ќе ги преземе сите неопходни мерки за ослободување на колегата Ибрахими“, соопштуваат од „Лајм“.




