Новинарот Зоран Божиновски е уапсен во Нови Сад од страна на српските власти, пишува 24 Вести.
Божиновски ќе биде изведен пред судија во Нови Сад, по што следува процесот за негова екстрадиција во Македонија.
Македонските власти имаат распишано потерница за Зоран Божиновски кој е еден од осомничените во процесот „Шпион“, за кој тој неколку пати порачуваше преку социјалните мрежи дека е монтиран случај.