Упасен е уште еден од обвинетите за масакрот кај Смиљковско Езеро. На граничниот премин Блаце полицијата денеска го уапси Сами Љута (28) во обид да ја помине македонската граница.
Откако обвинителството ја прошири истрагата за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, полицијата го уапси Љута по обвинението за дело тероризам.
Истражниот судија на Љута му изрекол мерка притвор од 30 дена.
Инаку, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, двајца од вкупно тројцата обвинети како извршители на петкратното убиство се во затвор на Косово, а Македонија испрати барање за нивна екстрадиција.
По полициската акција Монструм, во Кривичниот суд во Скопје веќе е почнат процесот против шестмина обвинети за масакрот кај Смилковци.
Љута е седмиот обвинет за убиствата кај Смилковското Езеро, кое се случи лани на Велики четврток.




