Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсен сопственикот на леарницата Јеремиќ

0
By Нова ТВ on May 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во српската афера Галеника меѓу осуммината уапсени е и Миодраг Јеремиќ, основач и сопственик на „Ливница Јеремиќ”, познат во македонската јавност со соработката со власта во проектот Скопје 2014.

Против уапсените, обвинителството поднесе кривични пријави под сомнение дека во 2008. и 2009. годинa, со увоз на суровини за “Галеника, купување и продажба на скулптури и лекови ја оштетиле” Галеника “за 12 милиони евра, пишува српска “Политика”.

Според извештајот, без постапка за јавна набавка се одвивале финансиските малверзации:

-Галеника по многуструко зголемени цени купувала скулптури, кои биле исплатени повеќе од два милиони евра. Една од нив била платена 650.000 евра и до ден денес не е земена од леарницата, бидејќи било утврдено дека нема уметничка вредност.

Цените на скулптурите се зголемувани 20 пати од нивната реална вредност, рече обвинителот Миљко Радосављевиќ. Штетата направена кон Галеника е над 100 милиони евра.

Галеника” купила 12 скулптури од ливницата „Јеремиќ” без почитување на процедурата и спротивно на законот за јавни набавки. „Галеника” е оштетена за повеќе од 200 милиона динара, а Јеремиќ, себе и на своите соработници незаконито прибавил околу 70 милиона динари, појаснил обвинителот Миљко Радосављевиќ.

Што се однесува до соработката помеѓу македонската власт и Јеремиќ, во неодамнешниот отчет на министерката Елизабета Канчевска, недостасуваа клучни документи како придружни фактури, фирмите кои тоа го изведувале и “слични детали” кои би требало да ги содржи еден реален отчет.

Оттука, јавноста не може да ги види договорите со леарницата Јеремиќ и да се направи проценка дали овие суми се реални или пак, како во аферата Галеника и тука можеби се зголемувале по 20 пати.

Сепак, ревизијата чиј старт го најави вчера најави градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, која ќе ја водат Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, треба да одговори и на овие прашања.

Неодамна, српската леарница „Јеремиќ“ на својот веб портал објави фотографии од изработени статуи во Скопје во периодот 2011 – 2012 година.

На насловната интернет страница со наслов „Обновата на Скопје, Македонија“ стои текст во кој се вели:

Леарницата „Јеремиќ“ присутна на пазарот во Македонија, успеа во рамките на реализацијата на проектот Скопје 2014, на меѓународен тендер, во конкуренција со Италјанци и Хрвати, да добие голем дел од планираните проекти, што треба да донесе значаен приход.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.