Во голема полициска акција во БИХ се уапсени 16 лица кои се осомничени за поврзаност со радикални терористички организации, јавуваат босанските медиуми.
Уапсените се сомничат за финансирање и јавно поттикнување на терористички активности, врбување на нови членови во теророристички групи за учество во војните во Сирија и Ирак за да се борат на страна на радикалните терористи.
Меѓу уапсените е и Халил Билал Босниќ, неформален водач на вехабистите во Босанска Краина, познат по своите анти- американски и анти- западни говори.
Во акцијата именувана како сириската престолнина “Дамаск” учествуваат близу 200 полицајци од специјалните единици, кои вршат претрес на 17 локации низ државата.
Ова е прва акција откако беше сменет кривичниот законик и се воведе затворска казна до 10 години за босанските граѓани што се борат или пак, регрутираат борци во странски воени и паравоени формации.