На ден 18.11.2021 година во 19 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Ф.К. (33) од струшкото село Делогожда.

Приведувањето е извршено по претходно распишана потерница од СВР Скопје, поради бегство од казнено поправната установа „Идризово“ Скопје каде е вратен на доиздржување на затворска казна.