Полицијата потврди дека синоќа уапсила кумановска група од осум хакери која се занимавала со крадење на податоци од електронски картички со кои потоа биле празнети картичките.
Акцијата се одвиваше во Скопје и Куманово. Според првичните информации, групата празнела картички освен на македонски државјани и на странци. Не се знае колку пари украла групата.