Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убедлива победа на Радев – социјалистите најверојатно во политичка историја

0
By Zoran Ivanov on April 20, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 20, 2026 07:50

Ако се спореди овој резултат со резултатот од последните избори во октомври 2024 година, „Прогресивна Бугарија“ има привлечено огромен дел од гласачите на крајно лево ориентираната – русофилска партија Вазраждане/Преродба (12.92% во 2024) и Бугарската Социјалистичка Партија – БСП (наследник на БКП, со 7.32% во 2024), партии кои најверојатно нема да го поминат изборниот праг од 4%.

Тони Поповски

Повеќе од убедлива победа на „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев на собраниските избори во соседна Бугарија. Наспроти анкетите кои предвидуваа резултат од 27 – 30%, големото изненадување е дека на 68% од преброени гласови, според ЦИК, партијата води со дури 44.5%, резултат кој и обезбедува самостојно мнозинство.

Според наоди од паралелно пребројување на две агенции, на 100% преброени гласови (Маркет Линкс), „Прогресивна Бугарија“ има освоено 44.4% од гласовите, а според Мјара – на 95% преброени гласови, 45.3% од гласовите.

Победничката предизборна реторика на Радев беше насочена кон државата како гарант на стабилноста и социјалната сигурност, настапувајќи од позиции блиски на класичната (ретро) левица зачинето со патриотски прагматизам: државата треба да интервенира кога пазарот не функционира, институциите треба да се заштитат од корупција (и од олигархијата), а надворешната политика треба да биде внимателно балансирана (мирољубие, скептицизам кон „тврдата“ линија на Западот, особено кога станува збор за безбедносни прашања и односите со Русија).

Ако се спореди овој резултат со резултатот од последните избори во октомври 2024 година, „Прогресивна Бугарија“ има привлечено огромен дел од гласачите на крајно лево ориентираната – русофилска партија Вазраждане/Преродба (12.92% во 2024) и Бугарската Социјалистичка Партија – БСП (наследник на БКП, со 7.32% во 2024), партии кои најверојатно нема да го поминат изборниот праг од 4%.

Во Народното Собрание на Бугарија, се очекува да учествуваат и три други партии, коалиции: на 68% преброени гласови, центристичката коалиција Партија на промените & Демократска Бугарија има освоено 14% од гласовите (13,75% во 2024), ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов е на 13.1% од гласовите што претставува сериозен пораз на партијата која беше победник на претходните избори во октомври 2024 со освоени 25.52%. Овој драматичен пад на поддршка за ГЕРБ-СДС е второто големо изненадување бидејќи анкетите им даваа цели 20-21% поддршка. Четврта партија е ДПС – Ново начало на контроверзниот бизнисмен Дељан Пеевски со 5.4%, со мерливо послаб резултат од тој во 2024 (11.13%).

Двете агенции врз основа на паралелно пребројување на гласови ги наведуваат следниве резулати за другите партии: ПП-ДБ (12.8 – 12.2%); ГЕРБ-СДС (12.4 – 12.1%); ДПС НН (6.3 – 7.0%) и Вазраждане/Преродба (3.8 – 4.2%).

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бугарија избори Тони Поповски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.