Published: Saturday, November 9, 2013 18:37
Попладнево околу 15 часот и 20 минути, убиен е маж на улицата „Никола Петров“во населбата Бите 2, на просторот каде што има тревна површина.
Соседите на околните згради слушнале повеќе истрели, а неколку минути подоцна пронајдено е и телото на убиенот со неколку прострелни рани. Станува збор за маж на возрасt од 45 до 50 години.
Телото на застреланиот било пронајдено од соседите и минувачите
Две лица биле забележани близу местото на настанот, за кои постои сомнавање дека пукале во жртвата. Увидот на полицијата сеуште трае, по што ќе се знаат детали за убиството.




